ментален (прид.) - живот (имн.)

Општествениот живот досегнува длабоко во субјективитетот на поединецот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднакво пресудно ќе биде и психологијата, било онаа популарната, било некоја друга, да не нѐ оттргнува од овој длабоко општествен процес на обликување на субјектот, не само затоа што психологијата е склона да го медицинизира и да го патологизира општественото дисидентство, особено сексуалното дисидентство, туку затоа што тука не се занимаваме со поединечен ментален живот, туку се занимаваме со колективни структури на чувствување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, важно ќе биде да не се тргне од лажно упадливата спротивност меѓу недоволно цврстиот модел на општественото, сфатен како обичен површински исход од безредни содејства помеѓу луѓето (наместо како систематски состав што е длабоко конститутивен за нивниот субјективитет), и од претерано позитивистичкиот модел на природното, сфатено како онаа длабока, формативна структура што ни го определува битието.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашиот општествен модел на машки геј-субјективитет ќе мора некако да го објасни тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бев малку сатиричен кога говорев за чисто логичките модели на човечката интелигенција, со „ментален живот” сведен на изведување заклучоци од формални искази.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И од тој најширок спектар на емоции во една референтна рамка или основна архитектура на менталниот живот во чии темели се посветеноста, чесноста, лојалноста, грижата, одговорноста, самодовербата, сочувството, љубезноста, трпението, трудољубивоста, смирението, воздржаноста, хармонијата денес како да е отсечена сиопсата, врската со емоционалните центри во мозокот со што се предизвикува хаос во процесите за расудување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Она што сугерира е дека постои корисно ниво на дескрипција за многу аспекти на менталниот живот како некој вид на функционирање на компјутер - процесирање смисловни симболни форми при што правилата кои го управуваат интерното поведение на системот се и самите изразени преку тие форми.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Негова цел е да се покаже местото на свеста во нашата општа замисла за светот и остатокот од нашиот ментален живот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)