метален (прид.) - дел (имн.)

Бојан го извади парталот. Веднаш до него го набара металниот дел на кундакот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред главниот влез е паркиран син светнат фијат, на кој наместа се гледаат рѓосани метални делови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„А што е она таму награмадено?“ го запрашав Љупчо, покажувајќи кон некакви метални делови.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сѐ што моите очи ќе здогледаа се претвораше во нешто заканувачко: калта, дамките, изгорениците, а ако не во такво нешто, тогаш во играчки од непоправливи метални делови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И во шуплината на металниот дел од цревото на правосмукалката ѕвецкаше силно, како мноштво игли.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сега беше среќен со тоа што е толку добро сместен, а тука беше и неговата долга пушка, чии што метални делови му се впиваа врашки во јаболкцата од неговите прсти, но со која што тој можеше од своето место да ракува многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)