метален (прид.) - конструкција (имн.)

И во следниот миг, рече: „Збогум Луцијо!“; го фрли куферот крај пругата и се фати за металната конструкција на мостот од десната страна; се искачи, вешто, како гимнастичар на разбој; се качи на врвот и стоеше на последната греда од мостот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бродчето што се огласи на прозорското стакло немаше никаква врска со таму, со огромната метална конструкција, која со брзина од 60 километри на час плови по морето наречено Јадранско, тоа е тука: брод-играчка, што повторно ќе се јави секогаш кога ќе се најдам во иста розова кутија: во татковото крило, на височинката над Градот, со заспаната Ј.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)