меѓусебен (прид.) - право (имн.)

Вработените ги продаваат акциите подлегнувајќи на слатките ветувања на странскиот инвеститор, кој тврди дека ќе ги унапреди стандардите и работничките права – што, пак, е регулирано со Договор од јануари 2003, со кој беа уредени меѓусебните права и обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај овој атипичен договор, кој се очекува да се применува за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“, дури и во услови на загуба и лошо менаџирање што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната Светска економска криза (2008-2010).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
е) договор за вработување деловни лица (т.н. менаџерски договор – чл. 54, ЗРО/05) – кај овој посебен договор, кој се очекува да се применува за т.н. работоводни органи, односно за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“ дури и во услови на загуба и лошо менаџирање, што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната светска економска криза;
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работоводниот орган [менаџер], правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван, односно избран на таа должност, ги остварува кај работодавачот кај кого е именуван, односно избран – според одредбите на овој закон и друг закон, колективен договор и договорот за вработување (чл. 55, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ваквата сопственичка структура беше задржана сè до втората половина на 2002, кога бугарскиот инвеститор „Литекс“ купува 52% од акциите (од работниците), а со тоа стекнува управувачко право со раководењето на Шеќераната.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)