мил (прид.) - живот (имн.)

НАДЕЖТА: И ти си ми некаква сила судбино, го тераш човека да се откаже од сè што му е мило и да посегне по милиот живот свој.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
— Ни глас да не слушна оти тргам — се провикна Толе и им нареди: — Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! — искомандува и ги потера пред него по широкиот чардак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Божем го задавува му рече: - Умирај , будалче, ако ти е мил животот!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѝ се закануваше со сила да ја обесчести, но таа со два збора му одговори: – Ако не ти е мил живот, де бакалум!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)