мил (прид.) - и (сврз.)

Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, малиот другар кој божем мене ми се додели автоматски, зошто бившиот спортист, нели, беше со Лима, не беше многу убав, но беше некако мил и водевме интересен дијалог.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој дел можеше да најде заеднички јазик, понекогаш и формално, заради почитта кон соговорникот, со што ништо во суштина не се менуваше, а раѓаше благопријатни мигови во кои се опушташе и го откриваше она што го поседуваше: да биде мила и пријатна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама се сеќавам на неговиот мил и топол поглед. Длабочината на очите. И на мустаќите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ѝ беше толку мил и драг што не можеше да си го замисли својот живот без него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еден ден, над оваа нова пирамида од хрватски домобрани, кога најпосле ќе сфатиме зошто на нашиот хрватски интелектуалец толку му е мила и драга близината на моќниците, можеби ќе можеме за себе и за своите да замислиме некоја подобра иднина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Очите на нашиот мил и напатен народ во овој час гледаат во мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ме трогнува ли магијата на преобразбата или езата дека морам да паднам во немилост за да бидам некому мила и драга?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)