милиционерски (прид.) - станица (имн.)

Никој не разбра кој е таткото на детето, дури ни иследникот од градската милиционерска станица, ни Мара Банџорка, најблиската сосетка на Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Приказната која следи е обична: бикот го отепал командирот на милиционерската станица, поради кое и нему треба да му се пресуди, со куршум во чело.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако дознаете нешто за Чанга и за козите, веднаш јавете во најблиската милиционерска станица...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Бикот го отепа командирот на милиционерската станица, му ја распра утробата, черепот му го плусна, рече милиционерот и си ја поголтна плунката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)