минат (прид.) - во (предл.)

Татковиот живот, колку и да беше балкански обележан, се одвиваше и во источен ритам, по толкуте години минати во Цариград, на разминувањето помеѓу Отоманската Империја и Ататурковата Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Изгледа дека причините за смртноста се резултат на дехидрација и прегрејување предизвикани од часовите минати во играње во ноќните клубови, иако постои и можност некои луѓе да се алергични на оваа дрога.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Претпладневната ракија како топол бран чинеше да го чувствува целосниот посед на телото, да си го зајакнува оптимизмот, илузиите, додека вечерната ракија ја пиеше за своја душа, таа му ја зајакнуваше носталгијата за старите времиња, за животот со семејството крај Езерото, за годините на младоста минати во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Посебно се смири Татко, кој и онака се расправаше со две инсулински инјекции дневно, а и на Камилски, кој си го носеше од поодамна својот недолечен чир, како последица од годините минати во злогласниот Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се појави - духот на нашата нација Вака ни раскажуваа старите Приказни за победата над варварите Приказни за животот на овчарите Приказни за моќта на парите Разни други градации Констатации Провокации За еден живот минат во стагнации
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Махмуд Дарвиш и натаму молчеше. Јас охрабрен продолжив: - Во годините минати во Тунис, особено во 1988 и 1989 година, во рамките на мојата функција како амбасадор на Југославија, но и како притаен автор, бев посебно импресиониран од личноста на Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Абу Лотф (Фарук Кадуми) беше антипод на Абу Амар (Јасер Арафат) во однос на владеењето со палестинското ослободително движење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На 1 август 1994 година Јасер Арафат триумфално влегува во Рамалах, (по 27 години минати во егзил) мирно гратче крај Мртвото море.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во годините минати во Картагина, каде што Арафат имаше еден од своите домови, тој се провлекуваше како вистински фантом.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу моите најдобри пријатели на животот се и многумина сефардски Евреи од Скопје, од Франција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу Палестинците и Израелците започнува нова серија преговори за воспоставување на автономијата во Рамалах, дел од Јордан и Газа, од кои ќе бидат евакуирани Израелците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но часовите минати покрај брат ми во читалната, додека тој гледаше во своите, а јас во моите книги, часовите минати во разговор, ме правеа некако силна, и нејзините зборови сѐ повеќе се одбиваа од мене, тие не влегуваа во мене, не ме колвнуваа во градите, студенилото на нејзиниот поглед не пробиваше во моите зеници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми го чувствуваше тоа, и сега нејзиниот поглед понекогаш ја губеше сигурноста, оној отров кој беше влегол во нишката помеѓу неа и мене веќе не го делевме подеднакво, туку одеше само кон неа, и беше пресилен само за неа, ја задушуваше во нејзината немоќ, ја задушуваше оној зрак среќа кој сѐ почесто ми го огреваше лицето, онаа нијанса на радост што ми го боеше гласот, секогаш кога заедно со брат ми ќе се вратевме дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како некаква бездна да зјаеше помеѓу оние наши животи некогаш, и овие постоења сега; бездна која ги помируваше некогаш и сега, проголтувајќи ги во себе горчината и омразата, оставајќи само тапа помирливост и густо молчење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во годините минати во лудницата, каде постоењето беше излегување од реалноста, заборавив дека ниту еднаш во животот не бев излегла од Виена, заборавив дека, кога бев млада жена, со Рајнер мечтавме да живееме во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во начинот на кој чекоревме една крај друга, во тоа како молчевме и како повремено го прекинувавме молкот со по некој збор, за првпат почувствував колку се бев изменила во текот на тие години минати во Гнездо, почувствував и колку мојата мајка се променила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И пред неколку години беа во Венеција,“ рече Марта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Напати, кога беше преморен, од ноќта мината во читање, слушаше од длабината на стерната зарипнато, прекинато гргорење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Важно ги истераа одвратните Струшки поетски вечери минати во ждерење, локање и патетично рецитирање подгреано што со алкохол што со помпезноста на „вишите државни интереси” - што Струга е.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)