мирен (прид.) - вода (имн.)

Веројатно овие атмосферски околности беа причината мудриот научен свет да се определи за свежината што ја нудеше мирната вода на Езерото место да се упати кон салата без разладни уреди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И се топеше во глувост на длабока мирна вода... И е здодевно. Зошто е дојден овде?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А ако најдеш сродна душа на овие години. тогаш треба само да пројдеш неколку пречки и, ако ги положиш, можеш да запловиш по мирни води со кајакот... до смрт.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А зошто го избрале Езерцено а не рекана, е, татко ти мислеше оти само мирната вода ја смирува напнатоста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Марко почна да страхува дека не само Едо туку и самиот тој запливува по некоја мирна вода, во живот без акција така што просто им се радуваше на можностите кога барем еднаш месечно одеше на пат во Америка или низ Канада од Монтреал до Калгари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)