мирисен (прид.) - цвет (имн.)

Тој ѝ објасни на мајка му на Сандри дека босилекот е царев мирисен цвет, дека во рајот има најмногу босилек и дека на Богородица тој ѝ е најмилото цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Истите сакаше како мирисен цвет да ги дари, но не секому.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во мислите Арсо го споредуваше ова рапаво лице на зол повелџија со неговите силно занесени привиденија во коишто жената беше мирисен цвет пред кој малаксуваше и се претвораше грубата страст во разнежувачки сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)