млад (прид.) - бев (гл.)

Манас како млад беше учител неколку години, а подоцна се даде на трговија, сето тоа по желание на татка ми Копе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Појдовме полека без да проговориме. Млади бевме и нерасипани а она што го претчувствуваме за Кузмана беше тајна во која не можевме да продреме наполно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еден војник почна да го цепи Ставревиот крст.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Коњите се лизгаа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не го оставија и мртов да мирува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жал ми беше. Млади беа сите, а меѓу нив и две девојки. Мојата ја немаше меѓу нив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се разбира дека младите беа на војна во редовите на силниот султан Сулејман Величествен – Законодавец, кој целиот свој живот го посвети на освојување земји на сите три континенти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А Прилеп за младите беше бездна во која секој момент можеа да пропаднат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Млади бевме и верувавме. Дали бевме вежбани во верувањето? Сигурно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Велеа дека ги носат на присилна работа, ама ние знаевме дека ги носат во логори на смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше најрадикалната, најсубверзивната социјална доктрина на сите времиња, и беше насочена кон единствената група што може да предизвика долготрајни промени: родители, педијатри, учители.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Третирајте ги вашите деца како индивидуи, како личности.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Движењето на младите беше придвижено од страна на генијалниот детски психолог кој ги подучуваше двете повоени генерации родители да ги хранат своите деца кога тие ќе побараат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)