млад (прид.) - е (гл.)

Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мислев: млада е праската, рано е да цвета. Билјана се излагала.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А јас, гуска, одолговлекував, пресметував: млад е, згора и пилот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Млада е, не е право да се мачи ноќе. А ако веќе самата сака да се мажи - што тогаш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Млада е, убава. Што ѝ треба друго?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Фиданка Кукникова нема маж, оче Панделиј, не попуштале жените слеани во една сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да живееш со човек кој повеќе е на небото одошто на земјата? Нели: глупости на кубик!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го гледам: млад е ко зеленчук, што се вели, и ми се стори нешто познато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)