млад (прид.) - господар (имн.)

Арно ама, вчас занемела, кога видела дека нејзиниот млад господар, испружен крај патот, не мрда ни со клепките, и дека сурата коса му е окашкана со крв и со мозок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Има многу причини поради кои една кула не може да опстои; тоа може да се припише на неукоста на градителите, на злата волја на подлогата, или на недоволното количество врзивна материја која го држи каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Доста, - нежно ја плесна Бојан по муцката, па и таа отстапи чекор, два и со крената глава го гледаше со своите умни, жолтеникави очи својот млад господар, очекувајќи ја неговата повторна покана за игра.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стрела сама се упати по него. Дали со желба и чувство да го заштитува својот млад господар, или од страв да остане сама?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ах! Кутри мои нозе, рекла таа, вие веќе нема да ме носите на врвот на ридот, на своето драго тело да му понудам што поубав поглед.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да, ама сепак, онаа што јас би ја посакал за мајка, таа е обична девојка од една народна приказна, невеста на еден млад господар од овој крај...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)