млад (прид.) - живот (имн.)

Милан Саздов бил од оние македонски младинци кој наполно свесен го ризикувал својот млад живот во корист на ослободителното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа, кога се давало оценка за неспособноста на турската полиција, се имала предвид поразувачката смелост и ладнокрвноста со која гемиџиите го положувале својот млад живот на олтарот на македонската слобода.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа што најлесно и без никакво размислување можел да го даде за укинувањето на ропството во Македонија бил сопствениот млад живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Судските власти, се разбира, немале сметка јасно да ги изнесат причините што ги натерале македонските револуционери да го извршат тоа опасно дело и со зачудувачка смелост да го положат својот млад живот по солунските улици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Второ и најважно не беше сигурен дека Александра нема информацијата за неговото прво наркоманско искуство да ја смести во некое негово неофицијално CV, кое што подоцна може да му донесе навистина среќни моменти во неговиот млад живот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)