млад (прид.) - зелка (имн.)

Кришум од сите и од самата себе, стравот да не ме наслуша а снегот крцкаше под мојве нозе, како млада зелка кога гладниот ја дроби со заби.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)