млад (прид.) - поп (имн.)

На сцената се покажа: долга дрвена маса, околу која беа наседнале седум осум селани, еден граѓанец и едно младо попче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гледај си го Толето, види шо мустачиња му посадиле, — ја укори Нешка мајка си и се загледа небаре во брата си, но очите, и не сакајќи, и ѕуреа во младото попче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)