млад (прид.) - пријател (имн.)

Желбата да го видат најромантичното доживување на својот млад пријател, ги прави немирни и нетрпеливи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нивните млади пријателки и модели потекнувале од уметнички кругови, или од работнички семејства.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По никоја цена, млад пријателе!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав една млада пријателка Мони, која беше масерка. Ѝ се јавив на телефон и ѝ кажав дека тешко си болен и ако не ѝпречи да дојде дома малку да те измасира.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А дали знаете млади пријатели што се случува кога Паштетата на младоста доаѓа во вашиот град?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Овој разговор се водеше помеѓу Зрновски и Јана пред да ѝ го постави Зрновски она провокативно, а по мое мислење и неодмерено прашање, дали ѝ се допаѓа новиот млад пријател и тоа во присуство на Самоников, а Јана речиси во истиот момент со прстот нерешително покажа кон мене, како да избира помеѓу многумина, и покажувајќи кон мене таа всушност ја крена раката за да го скине јаболкото, си реков и сетив дека црвенеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, завршниот дел од неговите разјаснувања звучеше сосема прифатливо: „Јана, нашиот млад пријател можел и да згреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели, млад пријателе, можеш да си замислиш што произведува ваквата фалинка во браната?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот млад пријател, Жолтко, беше и премногу вљубен за да сфати дека резигнацијата е најлошиот сојузник на отфрлените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште кога беа спомнати раните плодови, мислам дека Самоников ја сфати пораката, или ако сакате метафората за брањето, што симболизираше нечии судбини гравирани со знакот на минливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој воопшто не те познава” потстана, дојде до неа и почна да ѝ ја мазни косата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека ги води кон неговото омилено место, зад куќата, госпоѓа Цимер се обидува да им ја објасни состојбата на нивниот омилен поет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Петмина млади пријатели одат во Тубинген со некаква светост во срцата, како да одат на поклонение, затоа што таму, во домот на столарот Ернст Цимер, живее Фридрих Хелдерлин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овојпат младиот пријател се зафаќа со феноменот на заминувањето на една и доаѓањето на друга љубов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Всушност може да се рече дека јас и мојот млад пријател во овој момент поминуваме низ светлини што одамна згаснале.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак, додека чекориме спроти Вардар, јас со моето, младиот пријател со неговото уверување, молчењето го избирам за соговорник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знам, мојот млад пријател, дали и колку би можел да допре до овие мои размисли за некогашниот Пасаж? (Дури и гласовите на продавачките што некогаш шетаа зад витрините повторно се овде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Кому му мавташ - прашува младиот пријател Борко очигледно зачуден.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но само како лута резерва – се расприкажал мојот млад пријател а јас навистина не знам каде завршуваат неговите сериозни размисли а каде почнува импровизацијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури потоа следи крајниот впечаток - завршува мојот млад пријател со восхитувачкиот пробир на аргументи за својата теза.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Навистина е така, или ме мамиш сред трескава?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Млад пријателу“, реков, „еве во што е твојот недостаток: немаш никаков увид во работите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Збогум, мои млади пријатели. – Збогум.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
-Мислев дека ќе лаат. – Би лаеле на некој друг, – рече тој. – Знам како да се однесувам со кучињата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)