млад (прид.) - шума (имн.)

Не помина ниту еден час, а младата шума беше окопана и оплевена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Треба да соработуваме. Предлагам, додека не фатила жештина да појдеме и да ја разгледаме младата шума“, предложи директорот Миле и се упатија кон благата падина зад училишната зграда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Си имаме и заеднички радости и убавини: за секое прваче да се посади дрвце, да се негува млада шума.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)