млад (прид.) - дека (сврз.)

Надрипросветари ги учат младите дека на такви прашања за вредностите нема одговор, дека тие не можат да се проверат ниту да се разјаснат, и дека тоа, всушност, и не се некои прашања или дека тоа се прашања „пред сите” прашања.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доста е, бре, шо ќе оставиме едно име по нас да раскажуваат младите дека тој и тој се синови, внуци на Андона, Кулета, Мирчета, шо се дигнаа со Толета против изедниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одиш од куќа до куќа, посредуваш со убав збор; премолчуваш што треба да се премолчи, а кажуваш и нешто повеќе таму кајшто има место да се каже и кога работата е готова, среќна си како ѕидарот пред новоизградена куќа, зашто и ти нов дом си створила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаеја и младите дека ашик нашата заедница не поднесува, дека срам од љубов во неа не бидува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)