многуброен (прид.) - маало (имн.)

Оттаму најубаво се гледаа многубројните маала, цел еден свет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одовде се гледа целото населено поткале, многубројните маала, убавите куќи и сокаци послани со бела калдрма, а реката, таа е во провалијата, страшна и бујна, таа ги лиже ѕидиштата на тврдината, западно од неа, ги лиже како куче раните, се витка пред господарот, цивка, и веднаш заминува по задача.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)