модерен (прид.) - европски (прид.)

Таа се плаши од декократскиот, а со тоа воедно и егалитарниот карактер на модерната култура и модерната европска интелектуалност со коишто во вистинска смисла и почнува Новиот Век, како што Декартовата “Расправа за методот” почнува со реченицата: “Ниедно нешто на светот не е подобро распределено од здравиот човечки разум.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сепак, кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години, напорот да се задржи овој модерен европски идентитет значеше враќање кон надминатото минато.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таквата политика беше шаблон уште од деновите на модерниот европски империјализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен прв­пат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имајќи го како пример Џојсовиот пример од “Finegans wake” и желбата на некој начин да го премине, тој повикува на “демилитаризација на јазикот”, т.е. на разградување на цврстите синтаксички структури со кои се оковани модерните европски вернакулари, на составни делови: реченици, фрази, зборови, слогови, гласови, за потоа тој новодобиен материјал да се организира со помош на “објективни” операции кај кои е исклучен слободниот избор и влијанието на вкусот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)