модрикав (прид.) - превез (имн.)

Тој гледаше со полузаклопени очи, низ арабеската од железната конструкција на рекламата, бесмислено распната на фонот од вечерното небо; седеше недвижен и замолчен, со жената покрај себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жената помина со рака преку челото на мажот сѐ до длабокиот засек во косата и во дланката собра млака влага од пот која веќе истинуваше на него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Над покривите легнуваше вечерта, постилаше преку нив модрикав превез и ги бришеше нивните остри нерамнини, па разблажени во неа тие се нишкаа во смирена вечерна разбранетост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)