мој (прид.) - возбуда (имн.)

Тој подолго време ја следеше мојата возбуда и насети дека се работи за некаква интима.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Слегов долу и мојата возбуда ја споделив со Јована.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше и мојата возбуда, но и мојот грч, мојата напрегнатост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очигледно сум сакал да ја споделам мојата возбуда и тоа, немајќи посоодветен човек, токму со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Симон ја сети мојата возбуда и направи некое движење како да сака да ја подаде раката кон мојата коса. Но не ја подаде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потскокнав. Тој ја виде мојата возбуда и објасни: - Ништо, велам - Пенчо. Син ми така се вика.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја забележа мојата возбуда. Ја зеде фасциклата и замина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Започнав посветено да ги читам телеграмите. Иваз будно следеше со погледот кој не можеше да го контролира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ѕвездите мои трчаат по мене во темнината Тие безочни дрски бесрамни животинки Што се умилкуваат додека Касаат и додека поганат наоколу Вреват: ние сме гласници на мајките и на татковците Врескаат: ние сме црешови цветови Од градината на твоите мртви сестри Клај нѐ на јазикот ако не веруваш Пробај ја нашата треперлива белина ако не веруваш И лудо се смеат ѕвездите мои Што трчаат по мене во темнината И кинат кинат од моите меса Од мојот здив од мојата возбуда „Како ме пронаоѓаат?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тетка ја сети мојата возбуда. Се смири.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)