мој (прид.) - движење (имн.)

И З.З. упатува ревносен поглед кон мравките неоти го интересираа, туку тој повеќе го следеше мојот поглед, секое мое движење во арената.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем тој не ги држи, директно поврзан со Централата, сите конци на моето движење?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не разбирам, говореше. Од секое мое движење, докторе, искршените ребра се обидуваа да се откачат од мене и пак ништо, пак не бев смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Произлезе дека секој мој потег, секое мое движење, секој мој збор, биле погрешно сфатени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си велев, го прави тоа за да има чувство дека животот така станува подолг и дека надокнадува нешто што изгубил и, особено, за да не му избега ништо од вниманието кога беше во прашање моето движење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Неколкуте реда што ми ги напишавте вистински ме смирија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ги следеше моите патувања, настаните во мојот живот, имајќи ја пред себе сигурно спиралата на моето движење во животот низ пишувањето... 1 мај 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Обично не го знаеше моето движење во текот на денот. Особено кога одев кај Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сопругата ми рече оти ме барале од амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја дигнав раката да го оттурнам од мојата вода; Целото мое видно поле го сосредоточив на кучето кое требаше да се потчини на моето движење и наеднаш забележав дека тоа е проѕирно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)