мој (прид.) - дел (имн.)

— И кога јас не су тука, може ќе падна негде и в раце, мојот дел овде, на Митра ќе ѝ го даваш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колни се, само не во мојот дел на љубовта. - Ладно ѝ одврати Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се распара плетивото. Од преѓата што мене ми припадна, како мој дел од наследството, си сплетов волшебен килим во три бои.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Боге вели дека по негово мислење еден ден сонцето може да се излее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само јас не сум сигурен кој мој дел остана горе и уште разговара со тебе, а кој е овде, со Даскалов и Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не е и на иследникот, воопшто, не е нивниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Воспоставивме врски поради интересот на владеењето, тие со нивниот, јас со мојот дел од луѓето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И јас, во својата потрага по излези од балканската историја, го споделував нивниот пат, барајќи излез со животот што беше пред мене, со делот што ми престоеше во мојот дел на лавиринтот, посебно во моите дипломатски години, кога судбината ме доближи до големите владетели и во нивните судири со историјата, во нивните долги престои во лавиринтите на владеењето, кога на крајот завршуваа како неизбежни жртвени јарци на историјата, верувајќи дека се нејзини победници, избраници - или од народот или од Бога!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа не можеше да ја следи татковата стратегија во однос на балканската книга, не беше уверена дека целта им беше заедничка...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај тоа, тетка Олга не престана да ни се јавува и постојано да нѐ кани на гости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога се вратив од тоалетот каде што си ги миев раните, Дино веќе ’рчеше и го имаше зафатено и мојот дел од креветот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)