мој (прид.) - дух (имн.)

Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо да ја тераме публиката да дојде до уметничко дело, ние ја бараме нејзината поддршка... Публиката од сѐ прави просечност. Уметноста нема ништо заедничко со демократијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зашто? - не знам и ја сам, А сега, о книги, не често отивам В црква, не тврд је мој дух, Матна је моја молитва и често ја бивам До светоста нем и глух.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Ставаше весело на душа ми и беше Лесно и мило в божиј храм, Мој дух бе смирен и тих, не се злеше;
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Мојот дух ќе биде слободен ангел, ќе има крилја. ќе имам сè, ќе бидам сечија, несебично сечија..., ќе бидам среќна. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го носи мојот дух до врвот на сензитивната хиерархија, на поврзаноста на две тела.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во долапките на потсвеста мојот дух знае дека треба да изврши некоја мисија. Нешто многу важно. Неуништива трага, гласот на вистината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во таа мека розовост една друга розовост со нечуен чекор се оддалечуваше од мене и јас за последен пат ја здогледав љубовта на мојот дух или на некој дух во тој дух и го запаметив нишањето ан нејзините колкови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас ги тренирам мојот дух и моето тело да не се потат ни во една ситуација.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Времето стоеше, во неговото мртвило се движеше мојот дух. Дедото Симон се обидуваше да ме врати во минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Миговите ми беа без значење. Поточно, никаков миг не наследуваше простор на друг миг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак знаев дека се израмнуваме: мојот дух се наоѓаше во неговата едноставна војничка блуза без ордени додека јас размислував со неговиот разум.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мојот дух се побуни немирен, какви неверници, јас Библија читам, зло не мислам за правда глава давам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Интензивните искуства од сопствениот однос со визуелно и на други начини перцепираната средина придвижија во мојот дух некои фундаметални прашања.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не би ми пречело кога би го убил моето тело, бидејќи мојот дух конечно би ја исполнил својата судбина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)