мој (прид.) - заповед (имн.)

И кадијата беше на тоа мислење, но ферманот од султанот јасно зборуваше: Штом ќе ја добиеш мојата заповед здраво да се зафатиш со нивното фаќање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Јона, Јона, не е доволно само да ја слушнеш мојата заповед туку и да сакаш да ја споделиш љубовта зашто без љубов на оној што ги сади стеблата - не траат...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се борев со сите сили да останам доследна на својата карма. Сѐ на сѐ, зборот Божји е моја заповед.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- А сега свртете се кон ридот и по мојата заповед „напред марш“, појдете зад момчињата со шмајзерите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Стеблата, Господи, што им ги посадив бујно заврзаа но за час изгореа...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Штом ќе ја добиеш мојата заповед, здраво да се зафатиш со нивното фаќање, и за нивните бунтовнички дејства, некои од нив да накажеш со смрт, други да испратиш во столицата за да бидат испратени на веслање по бродовите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата пламна и рипна од столот: – Како? Мојата заповед не се исполни? – тргна и му се приближи на Суља.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)