мој (прид.) - интерес (имн.)

И така, земам да ја читам Нација, истовремено мојот интерес преминува на Казуо Ишигуро и неговите Остатоци на денот, минута подоцна, се вртам кон позајмената копија на Landlord and Tenant’s Act.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А.А. во својот вовед, откако го претстави ревносниот П.П., се обиде да го заобиколи мојот интерес за придонесот на православните Албанци во троверната толерантност низ вековите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи мојот интерес не ја пречекорува границата на просторот во кој жителствуваат рожбите на духот, перцепцијата ќе ми биде ограничена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)