мој (прид.) - мозок (имн.)

„Имаме цела екипа од луѓе кои прават сѐ што ние сакаме да направиме. Тие (компјутерската безбедност) ги имаат луѓето со коишто работат и можеби уште два-тројца кои можат да ги повикаат по потреба. А кога мојот мозок работи на нешто 24 часа дневно, а вашиот шест и пол, без да го сметаме ручекот, нормално дека ќе ве надминеме.“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А некој ден ќе одам кај некој хирург да го ископа силициумот од мојот мозок и ќе живеам со моите сеќавања и ничии други, како секој нормален човек.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Почнав да размислувам дали проблемот е до мојот или до нивниот мозок и дојдов до заклучок дека мојот мозок е сексуално инфериорен и во подредена положба со претпоставените ебавачи на мозоци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Очигледно, okno.mk 163 за нив бев лакомо парче, зашто заради мошне сомнителното задоволство да го просветлат мојот мозок со светлината на науката, сестрите не само што спореа меѓу себе, но еднаш дури се фатија гради в гради и резултатот на битката, шинат прст, воопшто не ја олади учителската страст на постарата сестра љуба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш ѕвероглавите ме раскинаа. Еден го носеше мојот мозок, другиот со забите ги кршеше коските на вилиците, на вратните пршлени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Крадците, купувачите и пожарите долго време стоеја како yид меѓу мене и татко ми и јас ќе останев неписмен да не им паднеше на моите постари сестри забавна мисла, што им нудеше нови можности: да се зафатат со моето образование.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еве вака почна измачувачката работа (која секако не беше неопходна, особено не за лицата на моја возраст, а што е уште посмешно, никој не го бараше тоа од мене) која го претвори мојот мозок, ма не во карфиол, можеби тоа е и премногу убав збор за тоа во каква состојба се наоѓаше моето мозоче, туку во состојба на препечено јаболче, од кое се извадени сите животни сокови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)