мој (прид.) - откритие (имн.)

Не се работи за жена присторена како маж, тоа е вистински маж, и во тоа се состоеше моето откритие, иако за тоа во тоа време не бев свесен.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа промена Duchamp вака ја искоментирал: “Во врска со тие мустаќи и со таа брадичка интересно е што кога ги гледате Мона Лиза станува машко.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Никогаш не и го подреков ова мое откритие (а можеби и заблуда), но верував, а напати бев и сигурен, дека јас сум прозорецот што го овозможува патувањето на нејзините желби, намери, сомненија, надежи, кон светот што се шири под нас, кон полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но наеднаш се сетив: а кој те спотерал, жено, па брзаш со заклучоциве.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Времето е најупорниот дошепнувач на вистините.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А којзнае, можеби токму таа ги поттикнуваше ваквите мои размисли?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме измачуваше сознанието дека мојот Ведран другарува со грдите сомненија; дека моето откритие може да го навреди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден момент ја забележав дури и неговата сенка како се протега низ отворениот прозорец за да го премести од мојот поглед преостанатиот дел од тврдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Дури и да сте во право за откритијата на Коперник и Дарвин, со моите откритија нема да биде така.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе биде третата голема револуција во човековото поимање на светот и себеси, по онаа на Коперник и Дарвин: Коперник му покажа на човечкиот род дека не е центар на универзумот, Дарвин му покажа – дека не потекнува од Бог туку од мајмун, а јас – дека човекот не е она што мисли дека е.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа што зборуваат за најсуштественото во човекот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со моето откритие на несвесното, со објаснувањето дека токму оној дел од нас кој ни е скриен и непознат, ги одредува нашите мисли, чувства и постапки, јас сум на пат да го сменам светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)