мој (прид.) - познајник (имн.)

Ѝ пратив збор по еден мој познајник и таа дојде во шумата каде што се одмораше нашиот одред.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таа без да погледнува кон мене продолжи со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И јас имам познати кои умираат, и тоа не еден - рече Катерина средувајќи ги ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев загледан во нејзиниот палец кога ме запраша, без да го крене погледот, дали мојот познајник имал име и презиме. - Денко Самоников - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Од сите мои познајници, единствено покојниот Ренди Накајама успеа од прва да го сфати упатувањето на Зад шумата; тој е оној што мене прв ме научи.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)