мој (прид.) - постапка (имн.)

47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мене ми беше јасно уште во истиот миг дека сè што го исполнуваше тој мал отсечок од животот беше последица или одговор на мојата постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На почетокот Лилица негодуваше на моите постапки, се интересираше за работата што требаше да ја завршам ноќта, а потоа спласна, оладе, стана рамнодушна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислев дека можам да ѝ го поднесам животот на мојот предок како еден аргумент и моите постапки, се разбира. Да, моите постапки!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Доволно е само да ме поттурне нивната желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш сфаќаат дека нема потреба тие да управуваат со моите постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие веруваат дека владеат не само со моите помисли туку и со намерите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мојата постапка е родена токму од истите цели: културата, не само во Русија туку и големите култури на Европа се засновани врз критичкиот метод што е програмиран да укаже на слабостите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мојата постапка би требало да се сфати како дијалог со Малевич.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие го поттикнаа гласот на човештвото предупредувајќи дека не е сè попусто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бренер се застапуваше за директен контакт со уметничкото дело: „Моја цел е вистинската комуникација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се плашев дека моите совети, што не беа ништо друго туку поигрувања на духот, можеле да потхрануваат кај неа такви чудни замисли? Не сум сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто барате во моите постапки скриени намери?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Љубовта можете да ја добиете на многу начини, но уште помногубројни се начините со кои ќе можете да ја сочувате.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем можела некои мои постапки да ги протолкува како подршка на идејата за другото време, за крилата, што ќе ѝ помогнат да го посети тој непознат свет што одамна беше нејзина опсесија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи, овојпат, откај некогашниот театар, Привидот се појави неочекувано и веднаш ја изрецитира реченицата што ја спомнав а потоа ми довикна налутено: „Како се осмелуваш да тврдиш дека во моите постапки има многу луфт?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе признаам, многу се изненадив кога уште при првата средба со почитуваниот Никола Леко открив дека тој нема разбирање за моите постапки а таква судбина имаа и аргументите кои требаше да го оправдаат моето однесување откако прифатив своеволно едно од ропствата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Бев пофален заради оваа моја постапка! - радосно објави.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)