мој (прид.) - прашање (имн.)

Шо не прашаш за тоа шо го знајш. — Пак Марко одговори за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А сега, да ми одговорите на моето прашање: како сте и како живејте со агите?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле, следеше и конкретниот одговор на моето прашање, за чие инсистирање повеќе немав ни аргументи, а ни сили: - И така, сине, како што ти реков, излишно е да се поднесува приговор за повреденото авторско право на моите преведени сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој, всушност, не одговараше на моите прашања, туку се пренесе на една далечна епизода од својата младост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
97 ИНТЕРВЈУ ИСТЕНЧЕНО ЧУВСТВО ЗА РАМНОТЕЖА Она што го гледам овде на масава дава одговор на едно од моите прашања - Дали сѐ уште работите за The New Yorker?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Моите посетители, на ова мое прашање, молкнаа како да сум рекол нешто непристојно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пак бев изненаден од тоа што моето прашање нив како да ги развесели.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше сигурно дека го запишуваше моето прашање, го редеше во збирот на сите мои реакции, доработувани во Централата, но дополнувани и со негови преамбициозни опсервации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога и други домаќини во текот на патувањето ми ги упатува истите зборови дека „ме читале”, без никаков одговор на моето прашање, беше јасна наметната провокативна алузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако мигум се созема, во моето прашање сигурно открива алузија на неговата игра пред малку како волшебник, играјќи со семожни дати, поврзани со семожните битки во и околу арената, го промени сериозниот израз.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Мајка ми? - се зачуди Иван. Очигледно моето прашање го збуни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сигурно не за да си помогне да се присети што треба да стори и кои беа случаите што треба да се дообјаснат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Она, што го бев слушнал во врска со борците кои престојувале кај нас по борбите кај Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сега, сосема бавно, ја крева десната рака кон слепоочницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мајка ми се чини веруваше дека тој податок нема многу да ми користи. - Кој податок – прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да го очекувал моето прашање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Би сакал да му се заблагодарам на Кларенцо Катуљо од Палацо Граси, за стрпливото одговарање на многубројните мои прашања во врска со изложбата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Каков крај, подобар од овој, може да има еден уметник чии контраверзни идеи поставија основа за некои од највжештените полемики во историјата на уметноста на дваесеттиот век?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Истрчав од дома, со страв, и со премален здив се тутнав во собата на мојот школски другар, познатиот Специјалист за чудни болести и му кажав дека на моето прашање: „ Што е тоа што веќе го нема“, некој друг Невидлив, со темен глас ми одговори „Тебе те нема.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Ајде, Томо, не будали се. Знаеш кон што е насочено моето прашање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Каде да го најдам одговорот на сите мои прашања?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Одвај се качи по неа, а потоа мачно и веднаш се симна, брзајќи да одговори на моето прашање: „Каде е просторијата за социјален надомест?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ја врати рачката назад и продолжи: „Еве, јас ќе ти го кажам одговорот на моето прашање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден од докторите, на моето прашање уште колку време ти останува, ми одговори дека се надева дека ќе живееш некаде до пред Нова Година (следната), а сега беше месец јануари па си реков, се фатив како давеник за сламка: "Добро е, да не ми отиде сега, да поживее уште некој месец …
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но моето прашање "Па што да ставам кога сè живо ми браните?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Татко сега беше начисто со моето прашање, но не и со одговорот: – Не знам, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во секој случај, прво малку се збуни од моето прашање, му требаше нешто време да се потсети, но потоа за миг лицето му го греа милина па пак му се смрачи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ни моите прашања?“ праша другиот. Не одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знам, се сетив тогаш. Мојата недореченост и моето прашање - што сака Марија?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со лежерно движење го престигна поројот од мои прашања.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Всушност пред да проговори Трајчеица, уште во моментот кога Семјон ги смести рацете на колената и ги оддели од нас своите сиви отсутни очи, побрзав да го прашам дали сретнал некого на пазарот, што има ново по белиот свет, но Родна, користејќи ја забавеноста во реакцијата на татко ти, кој вројатно уште го подготвуваше одговорот на моето прашање, успеа да се уфрли со она што веќе го реков; Добро е, вели, што дојде и ти за да слушнеш за однесувањето на Рајна; знам дека ти е пријател Анатолиј, и дека можеш да му свртиш внимание да припази на однесувањето на жена си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И видов ... – повторно пауза за моето прашање „Што тоа, тато?“, потоа бавно, збор по збор: - На рабовите, Чашата сè уште го чуваше замаглувањето од неговиот здив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Па токму во врска со тоа е моето прашање, ме сфаќаш, тато?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го гледам Фокс како се смешка, брзо зборува, како ги отфрлува моите прашања за меѓукорпорациската шпионажа со одмавнување на глава.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Јас можам да научам? – избрзав - Па ти веќе леташ – како да се зачуди Игбал од моето прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се причини дека моето прашање малку ја зачуди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со него може убаво да се разговара.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Изгледаше неспремна веднаш да одговори, или пак сакаше да биде појасна, не сум сигурна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бато, сакаш утре да ти раскажам што ми се случи? – го прашав и самата се изненадив од моето прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, другарки ми се – стрпливо одговараше тој на моите прашања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На брат ми обично не му раскажувам такви работи, а и тој не покажува којзнае каков интерес, но во тој момент ми се стори многу близок и многу драг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)