мој (прид.) - расказ (имн.)

Јас, пак, како за себе, си велам: „Не знам што со моите раскази ќе добие прозата, но би бил пресреќен ако не изгуби поезијата“. Јас, сепак, на сѐ гледам како на поезија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На крајот, го завршив мојот расказ со наслов Мртвите божества, па му го дадов на Татко на вообичаеното прво читање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко ми почина; и неговиот немирен дух, спонтано и моќно навлегуваше во моите раскази за детството, за љубовта, за тагата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во еден мој расказ, со наслов: „Мојата најсакана книга“, јас ја опишувам својата тага, својата болка по загубата на таа сакана книга.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)