мој (прид.) - раѓање (имн.)

Но, како што веќе реков иако тие ја исфрлија и морам повторно да ги натерам да ја вратат, “Мојата желба да ја илустрирам Дивата забава израсна од нешто повеќе од очајничката желба за невиниот хедонизам на дваесеттите, иако признавам, чувствувам огромна носталгија за сите децении кои му претходат на моето раѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
2. Дрвото посадено на денот на моето раѓање е одамна исечено.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Затоа и не паметела кој ја има заборавено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев уверен дека таквите конструкции веројатно шетале од уста до уста, особено во деновите по моето раѓање што се поклопуваше и со деновите на ослободувањето, кога веројатно се прераскажувало учеството и на мајка ми во воените случувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, поминало токму толку колку што било потребно посаденото да се запати, да нарасне и да заплаче!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И редно е веднаш да истакнам дека во мојот Извод од матичното недостасува податокот под називот татко, а не постојат и други податоци врзани со овој назив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Идниот ден или истата вечер најде за потребно да додаде дека партизаните кај нас навраќале често, понекогаш и зиме, па дури и по моето раѓање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
В ред, в ред, во создавањето на таа фама (дека Ѓурчин ми е татко) не треба да го минимизирам ни учеството на мајка ми, поточно начинот на кој таа се однесуваше кон тврдењето на Огнена Гулева.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самиот бев сведок дека таа безизрано го следеше она бесрамно трупање на многубројните детали сврзани со приказната од страна на Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем сета вистина е забележана и во моето крштелно, а крштелното, од некои за мене непознати причини таа не брзала да го добие набрзо по моето раѓање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков веќе, претпоставките на Огнена како да не ја допираа, а се однесуваа токму на мајка ми, на никој друг.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа е таа што пред моето раѓање заминала со тие таканаречени јужни краишта.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се прпелкав во постелата и проколнував, го проколнував мигот на моето раѓање, ја проколнував мајка што не ги стиснала нозете да го смачка малото крваво главче кое едвај што подизлегло надвор од неа; ја проколнував утробата на мојата мајка што ме додржала девет месеци, што не ми станала гроб; го проколнував семето на мојот татко, и неговиот копнеж да ѝ се приближи на мојата мајка во ноќта на моето зачнување; ја проколнував и таа ноќ на зачнувањето, го проколнував и првиот ден на првите луѓе, и нивната прва страст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А сега, кога само малку време ме дели од растајнувањето на тој одговор, за мене започнува она мечтаено постоење, чие остварување толку долго го чекав.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го премолчував тоа од тебе, затоа што знаев дека прво морам да ја завршам потрагата по одговорот за моето раѓање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Очајот се беше претворил во физичка болка, се прпелкав во креветот, и проколнував, немав друг лек за болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од тој разговор започна нашето познанство, а подоцна и пријателство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас не добив хонорар за него, кој знае зашто, а тоа е мошне неправедно, затоа што веднаш по објавувањето на расказот, претплатата и продажбата на весникот се удвоија... 166 okno.mk Истите завидливи, зли јазици, оние кои се обидоа да го сврзат денот на моето раѓање со некаков си друг празник, го сврзаа и фактот на зголемената продажба на весникот со почетокот на руско-јапонската војна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И како трето, а јас и досега мислам дека тоа е најглавното, како трето, него го објавија!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А. Аверченко: Автобиографија Уште за петнаесет минути пред моето раѓање јас не знаев дека ќе се родам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе однесам во „Граѓанинот“, таму на еден уредник портретот му го изложија. Можеби ќе објави. okno.mk 161
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од скромност јас нема да го посочам фактот дека на денот на моето раѓање биеја сите камбани и имаше општонароден восхит.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)