мој (прид.) - слабост (имн.)

Вие можете да ми се смеете на моите слабости - сеедно - јас ќе го продолжам својот расказ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Солзите не се моја слабост тие се моите чувства, имам сила да те сакам безвремено, не е наивно ниту едноставно, тешко е, но секој миг е се поблиску до нашата среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секогаш чувствувам фебрилност од помислата дека кај луѓето се појавува хиперсомнија, полесно им е да замижат и да заминат, вршат глацијација и хибернација на надежта, љубовта и верата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моите слабости не ти ги давам. Марионета на своето его.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Им бевме потребни јас и мојата слабост!
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А јас, за што сум способна јас!? За ништо. Ете ја мојата слабост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знаете дека џубоксите се моја слабост!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се разбира дека јас лично за оваа моја слабост немам објаснување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури не сум ни сигурен ваквата појава колку може да се смета за нормална.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И колку може да се земе за здраво кога на некој од нас ќе му се посака да им го слушне понекогаш и гласот на своите размислувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив: вината е веројатно кај снисходливоста на бушавиот како и во неговата спремност да ги сфати моите слабости.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дружејќи секој ден со обвинетите можеби тој заклучил дека зборувањето со себеси е обид да се надвладее стравот и да се поврати загубената самодоверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Луков е - мојата слабост. И јас сум, се разбира - неговата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ТЛ: Една од прекрасните работи во Неуроромансер е тоа прекрасно другарство меѓу Моли и Кејс. Тој ѝ пее додека таа си ги трие брадавиците а таа му зборува и му раскажува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Оффффф! Јас сум зависник од чоколада. Забележа синоќа, како келнерот автоматски ми донесе екстра чинија од десертот? Ја знаат мојата слабост. Дупла- доза, Тим.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ВГ: Јапонските деца стануваат „хај“ од големи чоколадни табли сочинети само од шеќер и кофеин. Јадат по пет-шест вакви шеќерно-кофеински хај табли на концерти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)