мој (прид.) - сопатник (имн.)

Моите сопатници ме прашаа каде работам во Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моите сопатници го окупираа со багажот речиси целото купе. Немаме во него никој друг освен нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, возот брзаше кон Минхен. Ја минавме границата, па Австрија и откако нѐ осамна некаде кон Салцбург, моите сопатници ги опфати нервоза. Веднаш разбрав од каде произлегува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На станицата го испраќаше една средновечна жена и уште некои. Брзо се спријателивме со мојот сопатник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му ја ослободувам раката на мојот сопатник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги гледав моите сопатници, во лажно срдечна прегратка со сталинизмот, како ми намигнуваат со јасна порака дека нивниот овдешен однос сигурно нема да има никакво значење на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Замолчев. Моите сопатници зачудено ме гледаа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одамна моите сопатници сакаа да го напуштиме Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Моите сопатници од земјата рамнодушно го слушаа говорот, небаре им беше упатен на други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Моите сопатници од земјата бучно ручаа. Не бев гладен. Ги одминав.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев така предодреден да ги барам во животот моите сопатници во егзилот за кои немаше враќање...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во целиот преостанат дел од животот длабоко во мојата свест одекнуваше синтагмата - нема враќање од егзил, нема враќање од егзил, нема враќање од егзил!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)