мој (прид.) - спокојство (имн.)

Да ме потсетува на моите неодмерени постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Крај, нејзин и мое спокојство, сфаќа најпосле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Па сепак, зошто да не ја речам вистината, мојата одговорност си ја замислував како прст, како сосема обичен прст, што не престануваше да чука на вратата на моето спокојство: „Чук, чук! Чук, чук!“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не постоеше, освен самиот чин на злосторство, некоја лоша и страшна последица по мене и моето спокојство. Напротив.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Склучував и сојузи со меѓусебно намразени катедри а последиците се одразуваа и на моето спокојство, нешто што на анархичното задоволство му даваше избледен сјај.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Крај, нејзини, и мое спокојство, сфаќам најпосле. Грмежите се ближат, веќе се над нас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очигледно му беше порачано да си поигрува со моето спокојство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)