мој (прид.) - стомак (имн.)

Гледам, од некоја мирна оддалеченост, како острото сечиво на ножот, сигурно водено од кревката девојчинска рака, се наближува, а потоа забодува во мојот стомак“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
“Веројатно е во прашање само мојот стомак,” рече тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мојата надеж се храни со нивните ветувања, а мојот стомак живее од десетици други занимања што во меѓувреме ги извршувам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој беше наведнат врз мојот стомак; со палецот го беше затворил отворот на шишето толку колку од него да капе по некоја капка; сипуваше виното во мојот папок и потем пиеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во мене живееја исчекувања: ги носев во стиснатите прсти, во стиснатите очи, во стиснатите заби: раснеа од празниот клобурец на мојот стомак и ме олеснуваа да чекорам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во времето кога го одбивав второто парче месо, стравот за мојот стомак драматично се зголеми, што се одрази со повторен бран препотување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја спраштив низ вратата уште пред да слушнам нови викотници и караници.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кристина и Никола се кикотеа прикриени во аголот на ходникот и ништо не ми рекоа кога набрзинка минав крај нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Требаше само да ја најдам автобуската станица за да си заминам оттука засекогаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Навален назадечки врз задното седиште за да не го чувствувам болниот притисок на мојот стомак, братучетка ми ми потпомогна малку да заборавам на тегобите и да се орасположам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Полуглува и суетна, не сакаше да си стави апаратче за уши, велејќи дека сите си вообразуваат дека е глува поради тоа што е стара.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во неколку мигови, наместо насмеаното лице на Кристина, си ги замислував цревата како се измачуваат во кафеавоцрната темнина на мојот стомак, пред очи гледајќи ги сите суви изџвакани меса како тегобно се препелкаат низ мојот желудник, потоа немајќи место да се симнат надолу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прво сонував дека тетка ми пеглала и дека пеглата случајно ѝ паднала врз мојот стомак; јас сум се обидувал да ја кренам, но таа никако не се мрдала и само ме гмечела и ме горела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го виде ли подот? Виде ли колку трошки имаше насекаде? Срамота за една жена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Излегувајте од овде сите тројца! Да не сум ве видела, говеда едни одвратни! - тетка ми се сврте накај нас и почна да мавта со четката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајчинството е дарување на нов живот, но за мене беше и нешто повеќе од тоа – продолжување на едно постоење кое веќе заврши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си ги ставив рацете на мојот стомак, како да гушкам живот во него, иако утробата ми беше празна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас со дланките ја дофатив неговата рака, ја задржав над моите очи. „Сѐ ќе биде добро.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги спуштив моите дланки и неговата дланка врз мојот стомак.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Будна го дочекав утрото, а потоа отидов да ја посетам Клара во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не вели така,“ рече брат ми, и ја крена раката од мојот стомак.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)