мој (прид.) - ум (имн.)

Конечно има пред кого главата да ја спушти, пред силата на природата, мојот ум покорно, со наклон се наведува.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Ми произведуваше таа впечаток на нешто длабоко, сериозно, до смислата на кое мојот ум уште не може да проникне.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Твојот ум ме привлекува. Тој е сличен на мојот ум, само што си ти, ете, ненормален.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствените докази се внатре во мојот ум и не знам со сигурност дали и некое друго човечко суштество го споделува тоа мое сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што беше во умот на Бога кога те создаваше, сега доби форма во мојот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И што ако моите сетила ме излажаа, што ако постоењето на твоето тело е привидно и постои во мојот сон, го сонував ли твоето сенишно постоење, но мислата дека постоиш е доволно силна причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бев напишал: „При сѐ што правам, една работа се повторува во мојот ум: бунарот!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Или не станува збор за умот туку за некоја поинаква пројава што се јавува како белег на возраста, на годините?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа сосема сум свесен дека местото што го заземам, работата што ја извршувам и обврските што ги имам не трпат импровизации и сомнителни постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали треба да ме загрижува ваквото непресметливо однесување на мојот ум?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Го правам она што ми го налага мојата вера, мојот ум, моето срце, моите најдлабоки уверенија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ах, да, сега знам (знаете мојот ум понекогаш е малку бавен).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Така избиени почнавме како молитва да ја шепотиме стихотворбата: “Анакриси триту ватму”.10 Се откажувам од секавичната слава на мојот ум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А јас си мислам со мојот ум и си велам: сигурно е тој што ми окара мајка и ме нарече ебиветерко кога му реков да не го расипува детето давајќи му ситно дробено тутунче...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- му подвикна Нумо и ја подигна патерицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Јас не сум таков! Умот ми е таков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот шеф постојано ми приговара дека сум претерувал доделувајќи му слободни денови на мојот ум.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но моите стравови се многу реални; мојот живот и мојот ум се дел од една застрашувачка стварност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И. К.: Не. Не поради недостаток на материјали - денес во Русија можете да направите сѐ што сакате.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еве: ти прибери го едното, телото, јас ќе ги приберам останатите девет невидливи нешта се на моја страна: -Заповед од мојата чесна уста, -слава од мојот ум обновуван, -почест од мојата радост непоматена, -сила од моето срце широко, -почит од луѓето, кои се мои потпирачи, -верба од мојата душа умножена, -успех од мојот корен ијладажилест, -акција од мојата крв зовриена -песна од моето грло пуштено.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)