мој (прид.) - утроба (имн.)

Огромна и закоравена санта мраз пливаше во мојата утроба и бев свесна дека ќе потрошам многу огрев за да се растопи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Доближи ми се тогаш без страв, доближи се до најсвоето, до Мајка, оти ти си дел од мене, ти си единствено парче изделено од мојата утроба, од мојата душа, од моето срце, ти си мое дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)

Ти додаваш - само една жила со мојата утроба некого спојува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ги распламтува најскриените огнови што ја топлат мојата утроба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа се наведнав, и ја бакнав во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не бев плачела со години, од моите очи ниту една солза не беше излегла од оној ден кога од мојата утроба го извадија моето дете, и сега плачев, неутешно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргнав кон шкафот во кој години пред тоа ги прибирав алиштата за детето кое го носев во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Часови потоа, додека се освестував, прво што почувствував беше болката во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги ставив рацете на стомакот на Цецилија, таму каде беше завршен уште еден живот, и почувствував болка во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го отворив, и пред мене се покажаа пелени, чевличиња малечки колку палец, плетено капченце, бебешка пелеринка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бавно, бавно си ги принесував прстите до стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара легна на креветот до мене и ме прегрна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги имав положено рацете на стомакот на Цецилија така како што се придржува нешто живо, нешто што треба да се сочува да не се распадне, а мојата утроба и натаму болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но и покрај сè, неискажаниот повик на постариот брат за злоупотреба на изразот суштината продолжи да шета по мојата утроба сè до оној момент додека на подлактицата не ја сетив раката на Бојка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тереза опишува како еден ангел со долго златно копје со вжарен врв повеќе пати ја “прободел до највнатрешната длабочина”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Кога го извлече копјето мислев дека ќе ја извлече и мојата утроба и кога ме напушти вжарено треперев во Љубов божја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)