мој (прид.) - цел (имн.)

„А како би требало да реагира?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мирот тогаш беше моја цел. Останав сама... Ама, сепак, светот не е пустина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Талкач – се насмевнува – Не се шегувам, Семи. Мојата цел е патувањето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Набавив една карта на градот и се упатив кон мојата цел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Мојата цел била отсекогаш создадеме демократска и секуларна Палестина за сите! - Повеќемина се против вашето враќање?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- А кој би можел да биде? - Се разбира враќањето во Палестина! - Но по која цена? Дали е тоа можно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доктор Гете (кој тогаш, на пример, пред една пациентка, која бесцелно се движеше по собата не застанувајќи, ја испружуваше својата рака попречувајќи ѝ го патот, а таа се наведнуваше, совладувајќи ја така препреката, и продолжуваше брзо и бесцелно да чекори по просторијата) одговори: „Мојата цел не беше да натерам некого да се запраша зошто го правам ова, туку зошто пациентката реагира така како што реагира.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)