мој (прид.) - љубопитност (имн.)

Кој да ја заборави репликата на Татко и Мајка во едно так­во доближување на душата, предизвикана од мојата љубопитност уште во раните години на животот?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никогаш не ја заборавив репликата на Татко и на Мајка за душата, предизвикана од мојата љубопитност. – Што е душата? – го прашав еднаш Татко, ненадејно, додека беше внесен во читањето, крај Мајка на чардакот, наведната над плеталото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стариот изгледа ја сфати мојата љубопитност и почна да објаснува: - Ова кадро ни е најстаро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тоа го знам, но само ако е на линијата на мојата љубопитност. - Што ти пречи во овој случај? - Тоа што ништо не постигнувам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)