мој (прид.) - вистински (прид.)

На местото од „шерпи и кутљачи“, сега редам фини теглички од „помадици“ против брчки и длабоки бразди и се откажувам од гордото покажување на моето вистинско лице и времето испишано на него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не можам а да не напишам и за уште една голема читателка, моја вистинска професорка по француски јазик и книжевност, која посебно ме обележа во животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден ден таа се сретна и со мојата вистинска мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мојата вистинска среќа. Заедничката радост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чувствувам дека силно нѐ поврзува приврзаноста за нашите мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од вечерва, знаеш ли ти, почнува мојот вистински живот, мојата нова година, верувај ми!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)