мој (прид.) - драг (прид.)

Широко ги отворам очите, моите драги, со насолзени очи и топли насмевки ме греат.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Го фатив под рака мојот драг учител и, без црвенење, без премолчување и на најинтимни работи, пред никого уште не искажани и не признаени, - му се исповедав како на најблизок.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Историјата, историјата, мој драг пријателе, е вечниот, најсложениот и најнепредвидлив лавиринт, посебно на нашиот Балкан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа навистина беше една од најубавите девојки во градот. Каде исчезна, моја драга ведрино?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мојот драг дечко се залета да изигрува менаџер на татко ми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ете можело многу подобро отколку моја драга сега е во Јапонија и вежба џудо или така нешто.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ѓоко и Лиле се мои драги пријатели.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Е, моја драга Небеска, вели, јас сум пеела и пред навртен митралез.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што да направам, мои најдраги пријатели, за да не паднам во ланското искушение?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ете, добри мои, средбата со тој мој школски другар, нашето заедничко сеќавање за учителот Станковски, ми ги донесе и сеќавањата за сите мои драги учители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)