мој (прид.) - животен (прид.)

Овде сакам да го изнесам и мојот животен став: Ништо што поминало не се враќа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога се видов идиот, веќе бев во цивилно одело, лежев дома во брачниот кревет покрај мојата животна сопатничка и беше касно за промени на неславното минатото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А парадоксот на мојата животна приказна е тоа што после сета таа иронија премногу го сакав и многу барав од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во мигот на очај, кога мојата животна среќа ми ги затвори сите врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Знаеш Саво, тоа беше и моја животна желба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега мене во овој мој посмртен живот можеби ми претстои да гледам токму еден таков филм сниман и премонтиран од сликичките на целиот мој животен живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Севкупното сознание за мојата животна грешка, која ме доведе до слепа уличка, се состоеше, зачудно, токму во неизвршувањето никакви злосторства.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А еве го постигнав и мојот животен успех: Се откачив од илузиите во врска со тебе!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Писмото завршуваше – „Сега, за мене постои единствена цел – да го пренесам на другите оној занес, со кој го осветливте мојот животен пат“.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ништо друго не ми е преостанато, освен да почнам да ја раскажувам мојата животна приказна. За мене, времето како да застанало.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој е мојот животен, душевен и телесен сопатник.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас знам шо ќе си посакам! Знам! Сакам да ја запознаам мојата љубов, мојата животна љубов, оној со кого ќе го поминам целиот живот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нема да бидам жива да го напишам мојот животен пат. Затоа ќе кажам само неколку работи...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пребледев. И оттогаш сенка на мојата животна енергија станав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
За сиве овие години Ѓорче беше за мене сѐ: и мој животен идеал и совест човечка и самата Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ПРВАТА ЖЕНА: Добро, тогаш сите напади нема да ги опишувам, само оние што мене ми значеа, односно оние што можат да ја објаснат мојата животна приказна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)