мој (прид.) - златен (прид.)

Светот ќе ме сака, ќе лудува по мене. ќе бидам носена на раце, сосе мојот златен трон. ќе бидам меѓу најголемите освојувачи на сите времиња.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- О, колку си пораснал, Зоки мој златен! – рече и баба.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа “мојот” го изговараше не само со присвојување, со потполно освојување на она “златен Зиги”; туку и со некаква закана за оној кој би помислил да ѝ го одземе синот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така беше сѐ до нејзината деведесетта година, а потоа како да остаре и за она време во кое го имаше запрено времето, и само цртите на лицето ѝ останаа исти – остри, како во камен исклесани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но во начинот на кој му се обраќаше тој остануваше секогаш мал: го викаше “мојот златен Зиги”, секогаш мал, секогаш нејзин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пукањето ти станува обично како лаењето на кучињата, како течењето на водата... И таму, во ливадата, го наоѓам Ангелета, ангелот мој златен, со потсечени крилја. Децата се разбегале, ама Ангеле мој не добегал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѕвездан само ги подоткрива очињата, ја одлепува устата, усте мое златно...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мрсулче мое златно, вели, и и го осекнува носето, ја поведува за рака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)