мој (прид.) - иден (прид.)

Тоа чувство на таа возбуда и восхит со чудото на дотогаш непознатиот јазик на поезијата, со мелодијата негова, со понорноста на тажачка, во моите идни читања сѐ повеќе ми ги доближуваа по јазик и сензибилитет елегичната инкантација и возвишениот Рацинов лирски занес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ја гледав мајката на моите идни деца, не кажа ништо-дишеше Маја, крај мене; Модрите погледи ти вриштеа под капаците затворени и мала солза ти капеше по лицето- семка која в грло ми садеше тишина.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
На моите идни поколенија им ја препишав мојата интуиција како пропаст (подобро да не го отвораат тестаментот).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Јас пишував дека мојата идна професија ќе биде писател.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
XVIII Бев импресиониран како Елен Лејбовиц успеваше да проникне длабоко во суштината на текстовите, напати јас немоќен да се самоспознаам во нив, и да ги поврзе со актуелноста, реалноста, да ги насети моите идни планови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Таквото однесување кај мојата идна жена многу ќе ми годеше - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Владетелот Тито, кој ја обедини по периодот на фашизмот распаднатата југословенска империја на Балканот и ја одржа до својата смрт, а во кој период беше вклопен најголемиот дел од мојот живот, стана повод за моите идни размисли и потраги...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овие теми ги користев во моите филмови и ќе се обидам да ги користам и во моите идни филмови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ние пријателски запаливме цигари и јас започнав дипломатски разговор за мојата идна кариера, му раскажав сé за себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Добар сум, седнете да поразговараме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)