мој (прид.) - изгубен (прид.)

Навикнат, речиси предодреден во моето албанско емигрантско семејство на постојано докажување, привикнување, приспособување на судбината, со сизифовски ритам како да се обидував да го искачам каменот Македонија на врвот на вистината, како некаква компензација за мојата изгубена татковина во емигрантската судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Телово беше претесно за тој оган што изгоре се и се претвори во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Црна магла се издигнува над мојава изгубена душа понесена од дивиот порив на чувства и страсти што горат низ моиве вени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но не грижете се мили сограѓани, јас само гласно трагам по лицето мое изгубено.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се враќа некогашната треска, тешко ми е, најтешко од сѐ да раскажувам за овој настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)