мој (прид.) - личен (прид.)

Јас немав цврсти докази дека гробот зад олтарот е на Никола Поцо, освен кажувањата на луѓе од семејството и надвор од него кои божем го задржале помнењето од колено на колено дека гробот е токму тој, потоа фактот дека на гробното место на фамилијата Поцо немаше ниту гроб, ниту знак за гроб на стариот Никола и, најпосле, мојата лична интуиција или, можеби, повеќе, желбата тоа да биде негов гроб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако имаше многу работа, отиде во продавница, пронајде некаква механичка направа која овозможува побрзо испишување на буквите, успешно ја употреби, направи сѐ друго што беше потребно за таа работа, а покрај тоа ми го врати и моето лично достоинство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа што неговите дела се убави е само еден од неговите видови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џаспер ја презема таа обврска.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не, не стануваше збор за некакво женирање. Или сомневање во желбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не криеше да се прикаже како посебно потресен од нејзината смрт!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долу, на местото на несреќата, кога му изразив нешто што требеше да се протолкува како жалење за смртта на Таша, како мој личен израз на болка во однос на жалниов настан, тој го сфати моево обраќање како сочувство упатено нему ; Таша како да му била блиска роднина, или нешто поблиско и од тоа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Извршувам наредби пред да бидат изречени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми станува изгледа навика да постапувам според намерите на службените лица.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подзастанав. Мислам дека сепак посакав да го прашам иследникот дали тој ми нареди да тргнам кон масата, или само извршувам моја лична одлука?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова го знам од мое лично искуство.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Второ, родовата ориентација и сексуалната ориентација не треба коренито да се издвојат една од друга или систематски да се разграничуваат во ниеден приказ на машката хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обете премиси одразуваат мои лични и интелектуални склоности, а не научни аксиоми, но дозволете да се обидам да ги оправдам – или, барем, да објаснам зошто претпочитам вака да размислувам за машките геј-културни практики – бидејќи мојот пристап, всушност, има широки методолошки импликации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Современите Американци западнале во лошата навика изворот на сите нестандардни однесувања да го сместуваат или во природата или во општеството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прво, појавите што се разгледуваат треба да се анализираат во однос на општествените фактори, а не на биолошките.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И со таа мисла на памет ми падна следното: можеби постои социолошко објаснување за мојата лична деменција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа се моите лични граници, но јас од тоа воопшто не правам никакви правила.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вистина е дека лично, врз темелот на мојата идиосинкразија, моите лични граници, сопствени економии, апстрахирајќи од всушност филозофски текстови - работев нпр. за Платон - повеќе тендирав кон пишување на литерарни или уметнички текстови отколку научни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Она што сакав да го постигнам со мојата архива е да ги соочам мојата лична сторија и семејните сеќавања за заминувањето од Унгарија, со материјалите на комунистичка Унгарија од истиот историски период.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Ма дај, батали, ти ќе бидеш моја лична готвачка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, моја лична проценка е дека забавник ѕвездените мигови ги доживеа во ’70-те и ’80-те години на минатиот век.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оттаму и иницијативата на „Детска радост“ (а и моја лична, како приредувач на антологијата), да се направи ново изменето и дополнето издание на Црни овци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Двапати беше нападнат од заседа, божем од разбојници, и темелно претресен под мој личен надзор.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Книгата значи, е напишана наспроти моите лични и книжевни ставови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Впрочем, тие постојат токму за него и мој личен избор е дали ќе барам пари од нив, и кога.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Би ја програмирал така што (таа) да биде мојот личен вкус и интерес за нештата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се разбира станува збор за мои лични согледувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојата храброст да укажам поодредено на периодот од детското доба беше мое лично сознание, а јас не само што го допрев туку и го сфатив, таму, во бурекџилницата, наспроти продавницата Громби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Замисли си ја таквата претстава во моја лична интерпретација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во оваа книга јас наведувам одредена литература, но поголемиот дел е базиран на мојот личен однос кон љубовта.  Дали, тогаш, книгата е инспирирана од неверството во вашиот сопствен брак?  Тоа е мошне деликатна тема.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека за тоа нема да кажам ништо, бидејќи тука е вклучена и една друга личност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но од моето лично гледиште, тој метод беше добар бидејќи ми дозволуваше извесно дистанцирање, а тоа, од друга страна, го поддржа чувството на критичко набљудување кое немаше да биде возможно постојано, без прекин да работев со дон Хуан. 1965. по сопствена желба ја прекинав обуката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од мојата лична дволичност, глупост, од мојата слика за себеси, од било чија слика за било кого. 82 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Извор за овој текст се моите лични белешки кои го следеа секое мое искуство со ЛСД, снимените разговори, подоцна и повторното испитување на случувањата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Понекогаш ми се чини дека таа подобро ме сфаќа одошто мајка ми, особено кога станува збор за моите лични проблеми, а најмногу во врска со односите со моите дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нејзе можам да ѝ се пожалам ако сум нешто незадоволна од нив, или ако се чувствувам онеправдека, или несреќна дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неговото заминување го сфатив како голема утеха за мојата лична мака – дека сите некаде во странство биле, само јас не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Над секој збор, над секоја реченица застанував и размислував, се обидував да ја протолкувам секоја негова мисла, да ги поврзам со моите лични искуства и со искуствата од „дружењето” со Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали навистина сум пораснала па што така реагирам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И, што сфатив?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и да слушам од неговите касети можев, оти тој ги немаше понесено со себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку сакав можев да пребарувам низ неговата соба и да ги споредувам непречено моите лични истражувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првата моја книга беше за мојот внатрешен свет, втората за мојот личен живот, неговите заплети и расплети во кои, за да ги минам, секогаш ми помагаше семејството. Како и љубовните драми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)